Политички партииСпорт.Слајдер

Тошковски: СДСМ колку повеќе лаже, толку повеќе им е очајна состојбата

Во лагата се најдобри, исто како и во криминалот, и во тој правец продолжуваат и денес со изјавата на Костадин Костадинов која е манипулативна и невистинита. И колку повеќе лажат, толку повеќе им е очајна состојбата.

Реакција на Панче Тошковски на прес-конференцијата на Костадин Костадинов

Скопје, 2 март 2020

Во лагата се најдобри, исто како и во криминалот, и во тој правец продолжуваат и денес со изјавата на Костадин Костадинов која е манипулативна и невистинита. И колку повеќе лажат, толку повеќе им е очајна состојбата.

Но какви се фактите: Како адвокат сум застапувал и застапувам членови на ВМРО-ДПМНЕ, неопределени, членови на СДСМ, државни институции и компании. И сите договори се склучени на законит, легален и транспарентен начин.

Околу хартиите со кои мафта Костадинов сигурно му недостигаат исплатите од 2018 и 2019 година направени додека Зоран Заев е премиер, а директор на компанијата е нивен кадар, бидејќи јас продолжив да бидам адвокат на истата компанија и по смена на власта. Ако првото било незаконско, значи таквата незаконитост ја продолжила и владата на Заев, или пак за офсајдов во кој залутаа не им се збори? Доколку имаше било каков криминал, зошто чекаа 3 години да го пријават?

Воедно мене ми е жал што Костадинов го местат вака ниско во СДСМ, но морам да му соопштам дека како правен консултант имам договор и со Зоран Заев додека тој беше градоначалник. Ако имало „криминални шеми“ за кои обвинува Костадинов тогаш во нив бил и Зоран Заев?

Што се однесува до Костадинов за разлика од непријателското местење што му се случува во СДСМ би му дал еден пријателски совет, најди си добар адвокат, а на Заев би му порачал да ангажира неколку адвокатски канцеларии затоа што само еден добар адвокат не ќе да му е доволен.

п.с. Костадине подобро извини се веднаш, затоа што во спротивно биди сигурен дека ќе следат соодветни правни постапки за твоите лаги и клевети!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close