0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаРезултати

Торонто со рекорд за сите канадски екипи во сите спортови

Кошаркарите на Торонто ја совладаа Минесота ноќеска на домашен терен забележувајќи ја 15. победа во низа. Победничката низа е рекорд не само за Репторс во НБА лигата, туку и за сите екипи од Канада кои настапуваат во која било од северноамериканските лиги.

Торонто, 11 февруари 2020 (МИА) – Кошаркарите на Торонто ја совладаа Минесота ноќеска на домашен терен забележувајќи ја 15. победа во низа. Победничката низа е рекорд не само за Репторс во НБА лигата, туку и за сите екипи од Канада кои настапуваат во која било од северноамериканските лиги.

Претходниот рекорд со 14 последователни победи му припаѓаше на тимот на Калгари стампедерс во канадската фудбалска лига.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник:
Детроит – Шарлот 76:87
Индијана – Бруклин 105:106
Орландо – Атланта 135:126
Торонто – Минесота 137:126
Милвоки – Сакраменто 123:111
Далас – Јута 119:123
Денвер – Сан Антонио 127:120
Голден Стејт – Мајами 101:113
Лос Анџелес лејкерс 125:100.

Во Западната конференција води ЛА лејкерс со 40-12 (победи-порази), на Исток прв е Милвоки со биланс 46-7. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close