0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Торонто го менува Гасол со главен играч на Л.А. Клиперс

Во последните часови, Харел почна да госледи официјалниот профил на канадскиот тим на Инстаграм, а друга причина за потврда на оваа шпекулација е дека центарот на Репторс, Марк Гасол има намера да го напушти тимот и да се врати во Европа.

Лос Анџелес, 17 септември 2020 (МИА) – Промените во Лос Анџелес Клиперс изгледаат неизбежни, и тие би можеле да започнат со заминувањето на крилниот напаѓач Монтрез Харел. 26-годишниот кошаркар има договор што истекува, а главен претендент за неговиот потпис е актуелниот шампион Торонто Репторс, изјавија извори за „Легион Хупс“.

Во последните часови, Харел почна да госледи официјалниот профил на канадскиот тим на Инстаграм, а друга причина за потврда на оваа шпекулација е дека центарот на Репторс, Марк Гасол има намера да го напушти тимот и да се врати во Европа.

Редовната сезона Харел ја заврши како трет стрелец на Клиперси со просек од 18,6 поени по натпревар, но во плејофот тој значително го спушти нивото и постигна само 10,5 поени на краткиот поход на неговиот тим. Тој ја доби наградата „Шести играч на годината“, која се доделува на најдобрата резерва во Лигата.

Таг
Back to top button
Close
Close