0_Македонија.ПорталВременска прогнозаОпштество

Топло до сабота, од недела позначителен пад на температурите

Топлото време со натпросечни температури за овој период од годинава ќе се задржи до недела кога повторно се очекува позначителен пад на температурата, особено на дневната.

Скопје, 25 февруари 2021 (МИА) – Топлото време со натпросечни температури за овој период од годинава ќе се задржи до недела кога повторно се очекува позначителен пад на температурата, особено на дневната.

Максималните дневни температури во сабота ќе достигнат до 23 степени, а веќе во недела ќе се спуштат за седум степени пониско, односно до 16-тиот степен.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во сабота попладне ќе почне да дува умерен долж Повардарието засилен ветер од северен правец, а ќе има и повремено зголемување на облачноста.

Во понеделник и вторник дневните температури ќе бидат максимум до 13 -14 степен. бак/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close