0_Македонија.ПорталВременска прогнозаИнфопакетОпштество

Топло денеска и утре, од среда нестабилно време

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени и УВ-индекс со вредност 8.

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени и УВ-индекс со вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи најави дека и утре ќе се задржи топлото време, но во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Значителна промена на времето ќе има во среда кога ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Облачно, посвежо и ветровито со повремени врнежи од дожд ќе биде во четврток, а од петок времето ќе се стабилизира. хс/бак/

Back to top button
Close
Close