Дописници МКДОпштество

Топењето на снегот ја зголеми појавата на ситни одрони на патниот правец Делчево – Пехчево

Топењето на снегот во Пијанечко-малешевскиот регион ја зголеми можноста од појава на ситни одрони на патниот правец Делчево - Пехчево, кои во текот на денешниот ден беа најзабележливи на делови од коловозот на потегот од село Тработивиште до село Панчарево. 

Пехчево, 18 февруари 2021 (МИА) – Топењето на снегот во Пијанечко-малешевскиот регион ја зголеми можноста од појава на ситни одрони на патниот правец Делчево – Пехчево, кои во текот на денешниот ден беа најзабележливи на делови од коловозот на потегот од село Тработивиште до село Панчарево.

Од ЈП „Македонијапат” потврдија дека влажноста на почвата влијае на таквата состојба и додадоа дека нивните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

-Ова е редовна појава на споменатиот патен правец, особено по топење на снегот и зголемување на влажноста на почвата. Иако наши екипи се на терен и ги расчистуваме одроните на местата каде се забележани, поради влажните коловози апелираме возачите да ја почитуваат пропишаната сообраќајна сигнализација и да возат внимателно, истакнаа од „Македонијапат”.

Од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Делчево ги потсетуваат учесниците во сообраќајот дека се должни да ги почитуваат законските одредби за управување со возило во зимски услови и апелираат до возачите да возат внимателно.

Поради топењето на снегот, сообраќајот на делови од патната магистрала во Пијанечко-малешевскиот регион се одвива по влажни коловози. вс/вј/

Back to top button
Close
Close