0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Томпсон се враќа на паркетот

Бекот, кој ги скина лигаментите во левото колено во плеј-офот пред една година, доби дозвола од лекарите да продолжи со тренинзите, пренесува „Атлетик“.

Оукленд, 20 јуни 2020 (МИА) – Sвездата на Голден Стејт, Клеј Томпсон, ќе може да се врати на паркетот и да тренира заедно со своите соиграчи за време на летниот тренинг камп на тимот.

Бекот, кој ги скина лигаментите во левото колено во плеј-офот пред една година, доби дозвола од лекарите да продолжи со тренинзите, пренесува „Атлетик“.

Стрелецот на „воините“ ја пропушти целата сезона, која беше целосен неуспех за Голден Стејт во секој случај. Тимот заврши последен во Лигата со биланс од 15-50 и ќе започне да се подготвува за следната кампања, додека другите екипи одлучуваат кој ќе царува во НБА оваа сезона.

Таг
Back to top button
Close
Close