0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Токио 2020: Олимпијците и параолимпијците во Токио ќе спијат на картонски кревети

Учесниците на олимписките и на параолимписките Игри во Токио оваа година ќе имаат оригинално сместување. Креветите на кои ќе спијат, ќе бидат направени од специјално одбран материјал – картон.

Токио, 9 јануари 2020 (МИА) – Учесниците на олимписките и на параолимписките Игри во Токио оваа година ќе имаат оригинално сместување. Креветите на кои ќе спијат, ќе бидат направени од специјално одбран материјал – картон.

Рамки на креветите ќе бидат направени од картон кој подоцна ќе може да се рециклира. Душеците ќе бидат направени од полиетиленски материјал кој по завршување на Игрите ќе биде рециклиран, а потоа наменет за производство на нови производи.

Од порано е познато дека и медали ќе бидат направени од злато, сребро и бронза што се обезбедени од 6,2 милиони стари, користени и фрлени мобилни телефони. На тој начин Јапонците, преку добротворна акција, стигнаа до 32 килограма злато, 3,5 тони сребро и 2,2 милиона тони бронза за изработка на 5.000 олимписки и параолимписки одличја. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close