0_Спорт.ПорталФудбал

Тодибо се согласи да замине во Милан

Претставниците на Милан остварија средба со дефанзивецот на Барселона, Жан-Клер Тодибо, на која беа договорени личните услови на договорот на играчот.

Милано, 4 јануари 2020 (МИА) – Претставниците на Милан остварија средба со дефанзивецот на Барселона, Жан-Клер Тодибо, на која беа договорени личните услови на договорот на играчот.

Дваесет годишниот Французин се согласи да се пресели во италијански клуб, пренесува „Скај спорт Италија“.

Милан сака да го изнајми Тодибо до крајот на тековната сезона со опција за откуп од 20 милиони евра, додека Барселона сака да го задржи можниот приоритет за откуп.

Тодибо настапи само на три натпревари за Каталонците оваа сезона. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close