0_Спорт.ПорталТенис

Титулата во Лион за Софија Кенин

Американката Софија Кенин е победничка на ВТА турнирот во Лион. Во финалето таа славеше над Ана Лена Фридсам од Германија со 6:2, 4:6, 6:4.

Лион, 8 март 2020 (МИА) – Американката Софија Кенин е победничка на ВТА турнирот во Лион. Во финалето таа славеше над Ана Лена Фридсам од Германија со 6:2, 4:6, 6:4.
Мечот за титулата траеше час и 49 минути по кои, моментно, петтата светска тенисерка заслужено се радуваше и, иако потешко од очекувањата, ја потврди фаворитската улога.
За Кенин ова е петта титула во кариерата, втора во оваа година, по сензационалниот триумф на Австралија опен. сѓд/  

Таг
Back to top button
Close
Close