0_Спорт.ПорталФудбал

Тите со 24 фудбалери против Боливија и Перу за СП 2022

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Тите објави список со 24 играчи за мечот со Боливија во јужноамериканските квалификации за Светското првенство во Катар во 2022 година.

Рио де Женеиро, 7 март 2020 (МИА) – Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Тите објави список со 24 играчи за мечот со Боливија во јужноамериканските квалификации за Светското првенство во Катар во 2022 година.
Поради повреда го нема голманот на Ливерпул, Алисон Бекер чие место во националниот тим ќе го заземе Едерсон. Во составот се враќа Евертон Рибеиро, додека Тите не најде место за Жерсон од Фламенго кој според многумина е најдобар играч за врска во Бразил. На негово место е повикан дебитантот Бруно Гимараиш, скапото зимско засилување на Олимпик Лион.
Составот на Бразил за мечот со Боливија на домашен терен на 28 март и четири дена подоцна против Перу во Лима изгледа вака:
Голмани: Едерсон (Манчестер сити), Веверсон (Палмеираш), Иван (Понте Прета)
Одбрана: Сани Алвеш (Сао Паоло), Данило (Јувентус), Ренан Лоди (Атлетико Мадрид), Алекс Сандро (Јувентус), Тиаго Силва (ПСЖ), Маркињос (ПСЖ), Едер Милитао (Реал Мадрид), Фелипе (Атлетико Мадрид)
Среден ред: Каземиро (Реал Мадрид), Фабињо (Ливерпул), Бруно Гимараиш (Олимпик Лион), Артур (Барселона), Евертон Рибеиро (Фламенго), Филипе Кутињо (Баерн Минхен)
Напад: Роберто Фирмино (Ливерпул), Габриел Жезус (Манчестер сити), Нејмар (ПСЖ), Габриел Барбоса (Фламенго), Бруно Енрике (Фламенго), Ришарлисон (Евертон), Евертон Соареш (Гремио). сѓд/

Таг
Back to top button
Close
Close