ЕвропаЕвропа.Портал

Тирингија: ФДП иницира предлог за распуштање на локалниот парламент

Новоизбраниот премиер на Тирингија, Томас Кемерих денеска изјави дека неговите Слободни демократи (ФДП) покренале предлог за распуштање на собранието во таа источногерманска покраина, што би отворило пат за нови избори.

Берлин, 6 февруари 2020 (МИА) – Новоизбраниот премиер на Тирингија, Томас Кемерих денеска изјави дека неговите Слободни демократи (ФДП) покренале предлог за распуштање на собранието во таа источногерманска покраина, што би отворило пат за нови избори.

За Парламентот да се распушти потребно е двотретинско мнозинство гласови.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека вчерашниот ден, кога беше избран премиерот на германската покраина Тирингија, со поддршка на крајно-десничарската Алтернатива на Германија (АФД)  и нејзините конзервативци, бил лош ден за демократијата и дека тој избор треба да се поништи.

– Овој настан е непростлив, па резултатот мора да се промени, рече Меркел на прес конференција за време на посетата на Јужна Африка.

Изборот на Томас Кемерих, малку познат член на Либерално-демократската партија (ФДП) во источната покраина Тирингија, беше прв во кој државен премиер победил со поддршка на АФД, со што е прекршен повоениот консензус меѓу големите партии да ја избегнуваат крајната десница.

Лидерите на конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) побараа нови избори во Тирингија.

Анегрет Крамп-Каренбауер, која во 2018 година ја наследи Меркел како лидерка на партијата, рече дека локалните одборници на ЦДУ не ги почитувале упатствата на националното раководство во гласањето за Кемерих. јт/

 

Таг
Back to top button
Close
Close