Дописници МКДОпштински вести

Тимови од Старо Нагоричане ќе набавуваат намирници и лекови за стари и изнемоштени лица

Општина Старо Нагоричане формира тим за помош и поддршка на старите и немоќните лица. Тимот ќе им помага на жителите при набавка на намирници и лекови.Одлуката, ккао што соопшти општината, е донесена на седница на општинскиот кризен штаб.

Куманово, 31 мај 2020 (МИА)Општина Старо Нагоричане формира тим за помош и поддршка на старите и немоќните лица. Тимот ќе им помага на жителите при набавка на намирници и лекови.Одлуката, ккао што соопшти општината, е донесена на седница на општинскиот кризен штаб.

Согласно одлуката на кризниот штаб на Општина Старо Нагоричане, а во врска со настанатата состојба со коронавирусот, по донесената забрана за движење на стари лица и укинат меѓуопштински превоз, општината формираше тим за помош на стари и изнемоштени лица за набавка на лекови и прехранбени продукти. Лицата на кои им е потребна помош да се обратат на  телефоните 075/490-015, 075/490-034, 072/224-435, 075/490-018, стои во соопштението.

Градоначалничката на општината, Жаклина Јовановска, информира дека се преземени сите мерки за заштита на вработените во општината и во комуналното претпријатие, и е извршена дезинфекција на локални патишта во општината.

Претходно, воведовме едношалтерски систем во општината за странките, бараните документи можат ги остават на портирницата. Работиме со скратено ртаботно време и извршена е дезинфекција на локалните патишта во повеќе населени места. Дезинфицирани се објектите на општината и на комуналното претпријатие „Козјак“. Набавена е заштитна опрема за вработените, рече Јовановска.

Пртеходно, со одлука на Владата беше укинат меѓуопштинскиот превоз од Куманово.ам/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close