0_Web_АктуелноГраѓански секторМакедонија.СлајдерМКД

Тимот на Црвен крст достави вода до ООЦК Берово за поддршка на институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот

Тимот на Црвениот крст на Република Северна Македонија, составен од шест лица за логистика и проценка заедно со Тимот за одговор при катастрофи на ООЦК Велес, составен од четири лица, синоќа доставија 1.400 шишиња од 0,5 литри до ООЦК Берово за поддршка на институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот на територија на општините Пехчево и Делчево.

Скопје, 5 август 2021 (МИА) – Тимот на Црвениот крст на Република Северна Македонија, составен од шест лица за логистика и проценка заедно со Тимот за одговор при катастрофи на ООЦК Велес, составен од четири лица, синоќа доставија 1.400 шишиња од 0,5 литри до ООЦК Берово за поддршка на институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот на територија на општините Пехчево и Делчево.
Како што стои во фејсбук-статусот на Црвен Крст на РСМ, тимот направил и теренска посета и проценка на состојбата во околина на селото Умлена со цел понатамошна координација на активностите на тимовите на Црвениот крст.
Тимовите на ООЦК Штип, Кочани, Делчево и тим на ЦКРСМ во текот на денов ќе бидат во логистичка поддршка на институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот, стои во статусот.
Тимовите на Црвен Крст деновиве активно се вклучуваат во помош, поддршка и гаснење на пожарите.
Во моментов, според податоците на Центарот за управување со кризи има околу 14 активни и локализирани пожари на територијата на Република Северна Македонија, а Владата денеска на седница ќе одлучува за предлогот за кризна состојба. ар/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close