0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Тим против Циципас во финалето на завршниот турнир во Лондон

Тим го победи минатогодишниот шампион Александар Зверев (Германија) со 7:5, 6:3 и за прв пат во својата кариера ќе игра во финалето на престижното натпреварување во англиската престолнина.

Лондон, 16 ноември 2019 (МИА) – Австриецот Доминик Тим ќе игра против Стефанос Циципас во финалето на завршниот АТП турнир во Лондон утре. Дуелот започнува во 19 часот по македонско време.

Тим го победи минатогодишниот шампион Александар Зверев (Германија) со 7:5, 6:3 и за прв пат во својата кариера ќе игра во финалето на престижното натпреварување во англиската престолнина.

Во првото полуфинале, Циципас (Грција) го совлада 6-кратниот шампион Роџер Федерер (Швајцарија) со 6: 3, 6: 4.

Таг
Back to top button
Close
Close