0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Тим Хардвеј со 0 од 12 удари од поле постави негативен рекорд во историјата на Далас

Кошаркарот на Далас маверикс, Тим Хардвеј ноќеска на натпреварот против Торонто ги промаши сите 12 удари од поле, без да постигне ниту еден поен. Ова е најлош учинок на еден натпревар во историјата на клубот, објави „ESPN Stats & Info“.

Тампа, 19 јануари 2021 (МИА) – Кошаркарот на Далас маверикс, Тим Хардвеј ноќеска на натпреварот против Торонто ги промаши сите 12 удари од поле, без да постигне ниту еден поен. Ова е најлош учинок на еден натпревар во историјата на клубот, објави „ESPN Stats & Info“.

Далас го загуби натпреварот со 116:93, а Хардавеј на теренот помина 27 минути.

За одбележување е дека анти-НБА рекордот по бројот на промашувања без ниту еден погодок на еден натпревар му припаѓа на таткото на Хардвеј. Тим Хардвеј сениор имаше 0 од 17 обиди во 1991 година настапувајќи за Голден Стејт. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close