0_Web_АктуелноSvet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Тихановскаја пребегна во Литванија

Опозициската кандидатка на претседателските избори во Белорусија, Светлана Тихановскаја, која го оспорува реизборот на претседателот Александар Лукашенко, побегна во Литванија, изјави денеска литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевисијус

Вилнус, 11 август 2020 (МИА) – Опозициската кандидатка на претседателските избори во Белорусија, Светлана Тихановскаја, која го оспорува реизборот на претседателот Александар Лукашенко, побегна во Литванија, изјави денеска литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевисијус.

– Пристигна во Литванија и е безбедна, посочи Линкевисијус.

Во Белорусија синоќа, втора вечер по ред, полицијата ги растера демонстрантите кои протестираа против изборната победа на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година.

Демонстрациите и судирите со полицијата почнаа во неделата вечерта, по објавувањето на првичните резултати од претседателските избори, на кои Лукашенко доби над 80 отсто од гласовите и го освои шестиот мандат.

Тихановскаја синоќа не се придружи на протестите, како што наведе, да избегна провокации. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close