0_Спорт.ПорталФудбал

Тијаго Силва бара плата од 10 милиони евра годишно

Дефанзивецот Тиаго Силва сака да добие договор што ќе му гарантира плата од 10 милиони евра годишно, пренесува Goal.com.

Париз, 19 јуни 2020 (МИА) – Дефанзивецот Тиаго Силва сака да добие договор што ќе му гарантира плата од 10 милиони евра годишно, пренесува Goal.com.

Според изворот, Фиорентина и Евертон се заинтересирани за 35-годишен Бразилец, чиј договор со ПСЖ важи до крајот на јуни годинава, но клубовите се „плашат“ од финансиските барањата на фудбалерот. Се соопштува дека Фиорентина е подготвена да му плати на играчот само 5,5 милиони евра.

Во сезоната 2019/20, Тијаго Силва одигра 30 натпревари за ПСЖ, има еден гол и една асистенција зс/

 

Таг
Back to top button
Close
Close