Дописници МКДОпштински вести

Тетовските гимназијалци 25 години од матурата одбележаа преку интернет и радио програма во живо

Генерацијата 1996-та година од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово, во саботата навечер, поради пандемијата со коронавирусот и моменталните законски мерки и протоколи како и полициски час, 25 години од матурата прославија на несекојдневен начин на интернет, преку видео-конференција со повеќе учесници како и со вклучување во живо на радио програма. Така бил одржан и одделенскиот час.

Тетово, 10 мај 2021 (МИА) – Генерацијата 1996-та година од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово, во саботата навечерпоради пандемијата со коронавирусот и моменталните законски мерки и протоколи како и полициски час, 25 години од матурата прославија на несекојдневен начин на интернет, преку видео-конференција со повеќе учесници како и со вклучување во живо на радио програма. Така бил одржан и одделенскиот час.

– Иако илјадници километри оддалечени помеѓу себе, генерацијата соученици од тетовската Гимназија, во соработка со Плус Форте Радио и преку онлајн Зум апликацијата, направија една несекојдневна, но, за паметење, целовечерна матурска прослава. Нашите соученице сега се во САД и Канада, како и Германија, Шведска, Италија и Холандија, понатаму во Дубаи, Сплит, Белград, па сè до Тетово и Скопје, а сите точно во 22 часот се вклучија во живо на Зум и паралелно со тоа почна и радио емисија во живо на Плус Форте Радио во кое како водител учествував и јас, вели Здравко Пауноски, еден од учесниците.

Во програмата во живо се вклучила и професорката по математика, Валентина Гоговска, денес инаку професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје, која го одржала одделенскиот час.

– Професорката кажа неколку зборови за целата генерација и за матурската прослава која ги поздрави присутните ученици и сите слушатели радиото. Имаше намера од нејзина страна да го продолжи вториот час по математика, но, сите присутни се договорија следните часови да бидат исполнети само со музика и забава. Во текот на вечерта, секој присутен ученик пред себе имаше подготвено јадење и пиење, јас ги претставував и поздравував сите ученици по редослед и во етер идеше за секого по една песна, за секој која што си ја избрал, својата омилена. Со доста емоции, на пауза, по часовите беа поздравувани професорите и беа пуштани песни за нив, вели Пауноски.

За генерацијата особено емотивно била и онлајн на средбата со Никола Лочев, професор по физика и класен раководител, денес пензиониран.

Во текот на вечерта, во живо честитки испраќаа роднини и пријатели на учениците, ученици од другите генерации на гимназијата, слушатели на радиото од целиот свет, сите кои ја следеа емисијата преку стрим на интернет. Забавата траеше до раните утрински часови, истакна Пауновски.

Оваа генерација на гимназијалци матурската прослава пред 25 години во 1996-та година ја одржала во дискотека во Будимпешта, Унгарија. ас/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close