Дописници МКДОпштински вести

Тетовскиот Црвен крст однесе пакети со храна и хигиенски продукти за социјално загрозени семејства во планинските села

Претставници на општинска организација на Црвениот крст од Тетово неделава однесоа 22 пакети со храна и хигиенски лекови на исто толку семејства во планинските села на Шар Планина и Сува Гора. Доставата е извршена поради препораките населението да остане дома и да се намали движењето низ другите населени места.

Тетово, 3 април 2020 (МИА) – Претставници на општинска организација на Црвениот крст од Тетово неделава однесоа 22 пакети со храна и хигиенски лекови на исто толку семејства во планинските села на Шар Планина и Сува Гора. Доставата е извршена поради препораките населението да остане дома и да се намали движењето низ другите населени места.

– Однесени се 22 пакети, со кои се опфатени вкупно 92 лица. Однесени во селата Бозовце и Вешала на Шар Планина при општина Тетово, како и во Копачин Дол при општина Желино на Сува Гора. Во рамки на неделното доставување на храна, хигиенски производи и лекови до лицата кои имаат побарано таква услуга од нив поради состојбата со коронавирусот во изминатите четири дена од седмицата, само на едно место е извршена достава, истакна Шкљќим Мурати, секретар во општинската организација.

Неделава ниту едно лице кое е во самоизолација не побарало од Црвен крст услуга да му донесе храна и други продукти. Според СВР Тетово 45 лица во тетовскиот регион се обврзале на самоизолација, а 83 лица имаат решенија за изолација издадени од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

И понатака за оваа услуга граѓаните може да се јават од понеделник до четврток во тетовскиот Црвен крст на бројот 044-336-374 од 9:30 до 13 часот. Продуктите се носат во петок. ас/мс/

Back to top button
Close
Close