Дописници МКДОпштински вести

Тетовски психолози нудат бесплатна помош за граѓаните за стресот околу коронавирусот

Претставници на Здружението на психолози, советници и психотерапевти „Кортекс“ од Тетово во соработка со општината ќе даваат помош на граѓаните во насока на надминување на психолошките оптоварувања и стресната состојба што преовладува со ширењето на коронавирусот, соопшти денеска општина Тетово. Граѓаните кои чувствуваат стрес поради сосотојбата ќе може да ги побараат психолозите на телефон, електронска пошта, Скајп или Фејсбук месинџер преку профилот на Здружението.  

Тетово, 1 април 2020 (МИА) – Претставници на Здружението на психолози, советници и психотерапевти „Кортекс“ од Тетово во соработка со општината ќе даваат помош на граѓаните во насока на надминување на психолошките оптоварувања и стресната состојба што преовладува со ширењето на коронавирусот, соопшти денеска општина Тетово. Граѓаните кои чувствуваат стрес поради сосотојбата ќе може да ги побараат психолозите на телефон, електронска пошта, Скајп или Фејсбук месинџер преку профилот на Здружението.

-Здружението со својот тим на психолози се става на располагање на граѓаните и ќе обезбедат советување и поддршка преку онлајн платформите, а со ограничено време на телефон. Давањето на ваквата психолошка поддршка е доброволна и без никаква материјална користа за членовите на Здружението, информира тетовската општина.

Граѓаните може да се обратат на e-mail cortex.ps.co@gmail.com. Исто така на профилите на социјалните мрежи на општина Тетово и Здружението „Кортекс“ објавени се термините и броевите на кои може да се добијат четворицата психолози Билјана Радическа, Сема Халили, Небахат Имери и Мајлинда Абази. ас/аа/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close