Дописници МКДКултураКултура.Портал

Тетовската уметничка галерија со јавен повик до уметниците

Сите заинтересирани поединци и организации од областа на културата кои да се претстават пред тетовската публика имаат можност да поднесат барање до Националната Установа „Уметничка Галерија Тетово“ каде во текот на 2021 година би можеле да се организираат изложба или слично претставување. Повикот на Галеријата е отворен од утре 8 до 22 јули 2020 година.  

Тетово, 7 јули 2020 (МИА) – Сите заинтересирани поединци и организации од областа на културата кои да се претстават пред тетовската публика имаат можност да поднесат барање до Националната Установа „Уметничка Галерија Тетово“ каде во текот на 2021 година би можеле да се организираат изложба или слично претставување. Повикот на Галеријата е отворен од утре 8 до 22 јули 2020 година.  

– Ги покануваме сите професионални уметници од визуелната уметност, граѓански здруженија, локални институции кои се заинитересирани за реализација на проекти од областа на културата и уметноста за 2020 година да конкурираат од 8 до 22 јули. Сите заинтересирани треба да достават соодветни материјали кои се предмет на изложбата, информираат од Уметничката Галерија Тетово.

Во прилог на барањето заинтересираните треба да достават и CV, каталог, ЦД со фотографии на уметничките дела кои ќе се изложат. Материјалите треба да се донесат секој работен ден од 10 до 14 часот во канцелариите на институцијата, односно до кураторот Беса Даути.ас/фф/

Back to top button
Close
Close