Дописници МКДОпштество

Тетовската касарна го одбележа Денот на Армијата

Денот на Армијата - 18 Август, во тетовската касарната „Кузман Јосифовски - Питу“ со воена свеченост го одбележаа единиците од гарнизонот Тетово. Свеченоста за Денот на Армијата беше организирана во согласност со протоколите и со почитување на мерките и препораките за заштита од КОВИД-19  и без присуство на гости кои во минатите години секогаш биле дел од одбележувањето, соопштија денеска од тетовската касарна.

Тетово, 18 август 2020 (МИА) – Денот на Армијата – 18 Август, во тетовската касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ со воена свеченост го одбележаа единиците од гарнизонот Тетово. Свеченоста за Денот на Армијата беше организирана во согласност со протоколите и со почитување на мерките и препораките за заштита од КОВИД-19  и без присуство на гости кои во минатите години секогаш биле дел од одбележувањето, соопштија денеска од тетовската касарна.

– Денеска, Армијата на Република Северна Македонија гордо и со особено достоинство го празнува својот 28-ми роденден, сега веќе со остварена стратешка цел – полноправно членство во НАТО. Достигнување кое е резултат на децениските стремежи на нашите великани, патриоти и борци од нашата подалечна и поблиска историја, кои со своите дела го овозможија овој свечен чин. Tретиот пешадиски баталјон како дел од Армијата во текот на овие изминати години има видлив придонес во јакнењето на одбранбената способност, зачувување на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Северна Македонија како и во градењето и афирмацијата на армијата извршувај ќи ги успешно задачите на „домашен и меѓународен терен, истакна на свеченоста во пригоден говор командантот на тетовската касарна, потполковник Изеир Ејупи.

По повод Денот на Армијата со указ на врховниот командант Стево Пендаровски, третиот пешадиски баталјон е одликуван со орден за воено заслуги.

– Орденот е доделен за високата професионалност, пожртвуваност и за исклучителен придонес во извршувањето на задачи при справување и санација на елементарни непогоди, обезбедување на јужната граница за време на мигрантската криза и поддршка во активностите за справување со пандемијатата од КОВИД-19  во прогласените кризни региони во општините Дебар и Центар Жупа, соопштија од касарната.

На свеченоста, покрај интонирањето на државната химна и химната на Армијата, за прв пат беше интонирана и химната на НАТО, како и оддавање на почит на загинатите борци од НОБ, загинатите и починати припадници на Армијата и на сите жртви од од КОВИД-19  во земјата и во светот.ас/фф/

Back to top button
Close
Close