0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Тетовка нападната кога се обидела да помине улица

Во тетовската полиција 41 годишна жена пријавила дека била нападната кога се обидела да помине преку улица од непознато женско лице кое излегло од возило. Настанот се случил вчера на крстосниците на улиците „Илинденска“  и „Браќа Миладинови“ во Тетово.

Тетово, 25 јуни 2020 (МИА) – Во тетовската полиција 41 годишна жена пријавила дека била нападната кога се обидела да помине преку улица од непознато женско лице кое излегло од возило. Настанот се случил вчера на крстосниците на улиците „Илинденска“  и „Браќа Миладинови“ во Тетово.

– Вчера  во 15 часот, 41-годишната И.А. од тетовско Горно Седларце во СВР Тетово пријавила дека околу 17 часот на крстосницата на улиците „Илинденска“  и „Браќа Миладинови“ во Тетово, физички била нападнала од непознато женско лице кое, по куса вербална расправија, излегло од возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки и пред нејзините две малолетни деца се нафрлило на неа.   Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР Тетово.

Од СВР Тетово информираат и за инцидент на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, околу 22 часот кога полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Е.А.(20) од Тетово. Тој одбивал да се легитимира, ги навредувал и физички ги нападнал полициските службеници. ас/цр

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close