0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Тетовецот Елмир М. Мустафаи прв ревизор за безбедност на патиштата

Елмир М. Мустафаи од Тетово, магистер по сообраќај, транспортно планирање и инжинерство неделава во Хрватска положи испит со што стана првиот ревизор за безбедност на патиштата во Македонија. Тој испитот го полагаше на Факултет за сообраќај во Загреб, каде претходно поминал обука, а бил оценуван од комисија составена од двајца претставници од Република Словенија и тројца од Хрватска.

Тетово, 11 јануари 2020 (МИА) – Елмир М. Мустафаи од Тетово, магистер по сообраќај, транспортно планирање и инжинерство неделава во Хрватска положи испит со што стана првиот ревизор за безбедност на патиштата во Македонија. Тој испитот го полагаше на Факултет за сообраќај во Загреб, каде претходно поминал обука, а бил оценуван од комисија составена од двајца претставници од Република Словенија и тројца од Хрватска.

-Согласно Директивата на Европската комисија, секоја земја-кандидатка за ЕУ е должна да врши ревизии за безбедност на патиштата односно на сите автопатишта и државни патишта што минуваат низ Европските ТЕМ коридори. Ревизијата за безбедност на патиштата се спроведува на студија за сообраќајот на патишата, идејниот проект, основниот градежен проект, проектот за реализација, пред да се пушти во употреба патот и неколку месеци по пуштање во употреба, изјави Елмир Мустафаи.

На крајот на 2018 година, направени се измени во Законот за јавните патишта на Македонија во согласност со европските директиви, со што државата е должна државните патишта да бидат предмет на ревизија во однос на безбедноста. ас/сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close