Бизнис

Тетовец добитник на MINI ONE од инстант лозот Мини и Макси на Државна лотарија

Тетовецот Меридон Муртезани е најновиот добитник на автомобил MINI ONE од инстант лозот Мини и Макси на Државна лотарија,.

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – Тетовецот Меридон Муртезани е најновиот добитник на автомобил MINI ONE од инстант лозот Мини и Макси на Државна лотарија,.

Клучевите му беа доделени пред салонот М-Кар во Скопје.

Добитниот лоз го купил во трговскиот центар Палма мол во Тетово од продажното место на Државна лотарија.

Инстант лозот Мини и макси во продажба е од 6 септември 2019 година, a како главни добивки од овој инстант лоз се 10 автомобили  BMW X1 и пет автомобили MINI ONE. Покрај автомобилите лозот нуди можност и за многу парични добивки. скс/ац/

Back to top button
Close
Close