ХроникаХроника.Портал

Тетовец доби кривична пријава, се заканил преку “Фејсбук”

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Р.(46) од тетовското село Синичане, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „загрозување на сигурноста“ и „присилба“.

Тетово, 17 јануари 2020 (МИА) – СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Р.(46) од тетовското село Синичане, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „загрозување на сигурноста“ и „присилба“.

Пријавениот, во текот на 2019 на социјалната мрежа „Фејсбук“ отворил лажен профил на корисник на име на 46-годишна жена и од него обработувал и објавувал слики од оштетената.

Пријавениот, преку апликацијата „Вибер“, од два мобилни броја, на оштетената, на нејзиниот сопруг и на целото нејзино семејство им испраќал слики и текстови со вулгарна и недолична содржина и упатил сериозни закани по животот на оштетената и животите на нејзиното семејство, со цел да ја присили да биде со него во љубовна врска. оџ/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close