Некатегоризирано

Тесна победа на Анджеј Дуда за втор претседателски мандат

Актуелниот полски претседател Анджеј Дуда освои теснa победа на претседателските избори во земјата, потврди утринава Полската изборна комисија (PKW), јави ДПА.

Варшава, 13 јули 2020 (МИА)  – Актуелниот полски претседател Анджеј Дуда освои теснa победа на претседателските избори во земјата, потврди утринава Полската изборна комисија (PKW), јави ДПА.

Дуда обезбеди 51,2 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори, соопшти комисијата, повикувајќи се на резултатите од 99,8 отсто од преброените гласови по изборните единици.

Либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Трасковски, ривалот на Дуда во претседателската трка , освои 48,8 отсто од гласовите, соопшти Комисијата.

Одзивот на гласачите беше невообичаено висок, 68,12 проценти, соопшти Комисијата, јави ДПА. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close