0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

Тешко повреден жител на Шишево во синоќешното невреме

Ј.С. (53) од скопското село Шишево синоќа бил тешко повреден откако врз него паднала металната капија од дворот на куќата. Тој излегол да ја затвори, но поради невремето, силниот ветер и обилните врнежи, капијата во еден момент се откачила и го повредила.

Скопје, 9 август 2020 (МИА) – Ј.С. (53) од скопското село Шишево синоќа бил тешко повреден откако врз него паднала металната капија од дворот на куќата. Тој излегол да ја затвори, но поради невремето, силниот ветер и обилните врнежи, капијата во еден момент се откачила и го повредила.

Како што соопшти МВР, случајот е пријавен вчера во 22:00 часот во Полициското одделение – Сарај.

Повредите на Ј.С. му се констатирани во болницата „Аџибадем Систина“. Извршен е и увид на местото на настанот од страна на СВР Скопје. мч/сст/

Back to top button
Close
Close