СветСвет.Портал

Тероризмот ја чини глобалната економија 34 милијарди долари годишно

Тероризмот во светот однесе помалку животи во 2018 година, но неговите економски и социјални последици се уште се големи, според најновиот Глобален индекс за тероризам (ГТИ) на австралискиот Институт за економија и мир (ИЕП).

Сиднеј, 17 јануари 2020 (МИА) – Тероризмот во светот однесе помалку животи во 2018 година, но неговите економски и социјални последици се уште се големи, според најновиот Глобален индекс за тероризам (ГТИ) на австралискиот Институт за економија и мир (ИЕП).

„Иако интензитетот на тероризмот е намален, неговата раширеност не е“, предупреди австралискиот истражувачки центар во извештајот.

Вкупниот број на смртни случаи од тероризам се намали четврта година по ред во 2018 година, паѓајќи за 15,2 проценти од претходната година на 15.952 смртни случаи, што е намалување од 53 отсто од 2014 година кога е забележан најголем број.

Главниот двигател на бројот на загинати е падот на интензитетот на конфликтот на Блискиот Исток и воените успеси против терористичките групи како ИД и Боко Харам, се вели во студијата.

Сепак, во извештајот се додава дека тероризмот останува широко распространет проблем и голема глобална закана, чинејќи ја глобалната економија повеќе од 34 милијарди долари во 2018 година.

„Ова е втора најлоша година регистрирана по бројот на земји кои претрпеа најмалку една смрт, што ја нагласува потребата да се продолжи со решавачката меѓународна акција за борба против тероризмот“, се вели во документот.

Авганистан бележи најголем број смртни случаи и напади поврзани со тероризам втора година по ред, со повеќе од 7.000 смртни случаи и 1.400 терористички напади во 2018 година.

Понатаму се наведува дека во 2018 година Талибанците го надминале ИД како најопасната терористичка група во светот, одговорна за 38 проценти од вкупниот број смртни случаи во светот предизвикани од терористички напади.

Според тој извештај, речиси 40.000 луѓе се убиени во инциденти со тероризам од 2001 година во Авганистан.

Ирак, чиј Парламент неодамна гласаше за протерување на американските трупи од земјата, изминативе 16 години беше лидер во Индексот за глобален тероризам, а во 2018 година падна на второто место.

Бројот на загинати во терористички акти во Ирак се намали на 1.054 жртви во 2018 година од 4.271 претходната година, што претставува намалување од 75 проценти. И покрај тоа, повеќе од 66.000 луѓе се убиени во тероризам од 2001 година во Ирак. ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close