0_Магазин.ПорталНаука и технологија

„Терминатор“ го чисти ѓубрето во вселената

Технологијата што би можела да го ублажи проблемот со вселенскиот отпад успешно ги мина тестирањата во Земјината орбита. Се работи за системот наречен „Терминатор тејп“.

Лос Анџелес, 27 јануари 2020 (МИА) – Технологијата што би можела да го ублажи проблемот со вселенскиот отпад успешно ги мина тестирањата во Земјината орбита. Се работи за системот наречен „Терминатор тејп“.

Спејс-икс ракетата Фалкон Хеви во јуни 2019 година постави неколку десетици сателити, меѓу кои и Прокс-1. Сателитот во септември ја активираше лентата „Терминатор“, што е прицврстена за надворешниот дел од сателитот.

Лентата е долга 70 метри има својства на спроводник на електрична енергија и прилично мала маса. Служи за брзо собирање на неактивните сателити. Технологијата е погодна токму поради занемарливата тежина, а и производството е прилично евтино.

Стручњаците подолго време предупредуваат дека вселенскиот отпад претставува опасност како за мисиите така и за активните сателити. „Терминатор“ би можело тој проблем да го реши или барем да го ублажи. си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close