Дописници МКДОпштински вести

Територијалната противпожарна единица продолжи со дезинфекција на градските улици во Делчево

Во Делчево се врши дезинфекција на градските улици како дел од продолжувањето на мерките за заштита од коронавирусот. Дезинфекцијата се врши со возило на Територијалната противпожарна единица од Делчево, од каде информираат дека таа ќе продолжи и во текот на вечерните часови.

Делчево, 14 мај 2020 (МИА) – Во Делчево се врши дезинфекција на градските улици како дел од продолжувањето на мерките за заштита од коронавирусот. Дезинфекцијата се врши со возило на Територијалната противпожарна единица од Делчево, од каде информираат дека таа ќе продолжи и во текот на вечерните часови.

– Вечерва дезинфекција извршивме низ улиците во населба Милково Брдо, додека согласно насоките на Кризниот штаб ќе бидат опфатени сите улици каде претходно не е извршена дезинфекција. Целта е да продолжиме со мерките за заштита од вирусот Ковид-19, информираа од ТППЕ Делчево.

За утре попладне е планирана дезинфекција и на градскиот пазар во Делчево, кој од сабота повторно почнува со работа.

– Дезинфекција на градскиот пазар ќе биде извршена во текот на утрешниот ден, како и во утринските часови в сабота. Исто така, по завршувањето на пазарниот ден, активноста за дезинфекција на градскиот пазар ќе биде повторена, додадоа од ТППЕ Делчево.

Според планираното, од сабота градскиот пазар во Делчево ќе биде отворен за продажба на прехранбени и раноградинарски производи. вс/сп/

Back to top button
Close
Close