0_Спорт.ПорталФудбал

Тери се повлече од стручниот штаб на Астон Вила

Поранешниот дефанзивец на Челзи, Џон Тери го напушти стручниот штаб на Астон Вила.

Бирмингем, 26 јули 2021 (МИА) – Поранешниот дефанзивец на Челзи, Џон Тери го напушти стручниот штаб на Астон Вила.

– За мене беше голема чест и привилегија да ги поминам последните три години во Астон Вила. Сега е вистинското време да донесеме исклучително тешка одлука и да продолжиме понатаму, изјави Тери.

Англичанецот се приклучи на Астон Вила во 2017 година и стана капитен на тимот, играјќи 32 натпревари во една сезона. Тој се врати во клубот една година подоцна, станувајќи помошник тренер на Дин Смит. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close