0_Спорт.ПорталФудбал

Тер Штеген можел да ја напушти Барселона кога тренер беше Валверде

Голманот Марк-Андре тер Штеген во еден момент се мислеше дали да ја продолжи кариерата во Барселона кога тренер беше Ернесто Валверде, бидејќи седеше на клупата.

Барселона, 16 април 2020 (МИА) – Голманот Марк-Андре тер Штеген во еден момент се мислеше дали да ја продолжи кариерата во Барселона кога тренер беше Ернесто Валверде, бидејќи седеше на клупата.

Според Мундо Депортиво, Германецот лично се пожалил на претседателот на клубот Хозе Бартомеу за начинот на тренирање. Откако се решиле овие проблеми, голманот решил да остане.

Сегашниот договор на Тер Штеген важи до 30 јуни 2022 година. Тој се пресели во Барселона од Борусија Менхенгладбах во јули 2014 година за 12 милиони евра.

Оваа сезона, Тер Штеген одигра 34 натпревари за каталонскиот клуб, прими 34 гола, а на 11 средби не беше совладан. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close