0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Тер Штеген има повеќе асистенции во Ла Лига од … Азар

Голманот на тој начин ја надмина ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар по бројот на асистенции во Ла Лига за сезоната. Претходниот гол на германскиот репрезентативец беше во победата со 2:0 на гостувањето кај Хетафе во 7. коло. И тогаш неговиот пас доведе до првиот гол на натпреварот, кој го реализираше Луис Суарез.

Барселона, 8 декември 2019 (МИА) – Вчера голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген ја направи својата втора асистенција во сезоната, откако му асистираше на Антоан Гризман во 17-тата минута за првиот гол на мечот против Мајорка, кој заврши со 5:2 во корист на Каталонците.

Голманот на тој начин ја надмина ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар по бројот на асистенции во Ла Лига за сезоната. Претходниот гол на германскиот репрезентативец беше во победата со 2:0 на гостувањето кај Хетафе во 7. коло. И тогаш неговиот пас доведе до првиот гол на натпреварот, кој го реализираше Луис Суарез.

Белгискиот крилен играч има само една асистенција во шпанската елита – во 8. коло во победата од 4:2 над Гранада, кога го запиша и единствениот гол досега во Примера дивизион. Сепак, Азар има и една асистенција во Лигата на шампионите – успех од 1-0 на гостувањето кај Галатасарај. За споредба, минатата сезона асистираше за 15 гола во Премиер лигата, завршувајќи на првото место во оваа категорија во англиската елита.

Тер Штеген има повеќе асистенции во локалниот шампионат во актуелната кампања и од други европски фудбалски sвезди – Кристијано Роналдо, Нејмар, Кристијан Ериксен, Рахим Стерлинг, Дрис Мертенс, Лаутаро Мартинез и Жоао Феликс, додека неговите соиграчи Френки де Јонг и Луис Суарез исто имаат по две.

Таг
Back to top button
Close
Close