Општински вестиСкопје

Темелковски: Општина Кисела Вода е на располагање на секој кој се сомнева во нејзината работа

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски на денешната прес-конференција ја презентира работата на локалната дминситрација во текот на неговиот мандат, откако, како што вели, се најде на мета и напади од лажни вести. Тој посочи дека  во текот на работниот мандат, како градоначалник реализирал асфалтирање на улици, дополнително се поставени и павер елементи, како и поставување на подземна инсталација, како што се фекална, атмосферска канализација и нови водоводни мрежи.

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) –  Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски на денешната прес-конференција ја презентира работата на локалната дминситрација во текот на неговиот мандат, откако, како што вели, се најде на мета и напади од лажни вести. Тој посочи дека  во текот на работниот мандат, како градоначалник реализирал асфалтирање на улици, дополнително се поставени и павер елементи, како и поставување на подземна инсталација, како што се фекална, атмосферска канализација и нови водоводни мрежи.

-За сите инвестиции од страна на Општина Кисела Вода, во изминатите три години имаме направено стотици испитувања од страна на надворешни компании што биле избрани на тендер, да го вршат надзорот во општината. Единствен и овластен претставник што може да врши надзор е фирма што е официјално избрана на тендер. Тенденциозните и лажни вести треба да прекинат, а Општина Кисела Вода стои на располагање за сите граѓани и за сите институции што сметаат дека треба да учествуваат во проверката на квалитетот на извршените работи во општината, истакна Темелковски.

Градоначалникот Темелковски ја повика и опозицијата, доколку се сомнева во работата на Општината, да присуствуваат на официјалните испитувања за тоа како е направен квалитетот.

За начинот на вршење на контролата и како се врши контролата на квалитетот говореше Наце Гичевски претставник на компанијата „Евро Консалтинг“, избрана да го врши надзорот во општина Кисела Вода.

-„Евро Консалтинг“ е надзорен орган за градежните објекти што се финансирани од Општина Кисела вода и се изведуваат на нејзината територија. Во однос на квалитетот на посочените улици, надзорниот објект има за задача да го следи текот на изведбата и да води сметка за квалитетно и квантитативно извршување на работите во согласност со проектната програма и задача, истакна Гичевски.

Тој додаде дека секоја работа е соодветно документирана и со фотографија и видео запис од почеток на работите се до нивното завршување. Изведувачот на работите е должен да се придржува до проектот и да ги документира сите свои активности, а за таа цел се води градежен дневник со соодветни доказници.

Гически посочи дека изведувачот има за задача да приложи и соодветен елаборат, што содржи податоци како што се дебелината на асфалтот, квалитетот на материјалот. Во однос на извештаите доставени од страна на изведувачот, Гически вели дека квалитетот на улиците е задоволителен, односно нема поголеми отстапувања од законски пропишаните норми.

На прашањето како ќе се реши проблемот на жителите од улиците „Мариовска“ и „Негоричанска“ кои имаат проблем со водата од канализацијата што влегува во домовите, поради запуштени шахти со тампони при реконструкција. Жителите понудиле опција со самопридонес  да се финансира атмосферска канализација, но била одбиена бидејќи потребен е нов тендер.

-До нас како Општина не е пристигнато барање за самопридонес, во однос на атмосферската канализација знаеме дека немаше во тој период, но сметавме дека е многу поважно по долги години да се асфалтира таа улица бидејќи проблемот со атмосферските води постоеше и пред асфалтирањето, изјави Темелковски.

Тој додаде дека барањата за асфалтирање на улицата „Негоричанска“ биле побројни, отколку барањата за атмосферска канализација, бидејќи Општината уште на почетокот нагласила дека немаат доволно финансиски средства за изминатите две години и оваа година да постават и атмосферска канализација.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода најави дека е почнат проект за водоснабдување на Каменик и Стаклара, со што ќе се реши долгогодишниот проблем на тие две месни заедници. Во однос на Деталниот урбанистички план Ј14, односно Расадник во моментов се постапува по барањата и забелешките на граѓаните и соодветните институции.

– Тоа е простор каде што Општината може да покаже дека може да се напорават детални планови различни од тие што досега се правеле во општината Кисела Вода и ги нудат сите можности за урбано живеење. Градскиот четврт Ј14 е еден од најголемите и најкомплексните градски четврти во градот Скопје, бидејќи зафаќа површина од 85 хектари, а тоа е проблем за урбанистите и сите инволвирани, додаде Темелковски.

Тој нагласи дека со тој градски четврт ќе се отстранат сите недостатоци што ги има општината. Општината Кисела Вода е една од ретките општини што нема амбуланта на над 50.000 жители, иако амбулантата во населба Драчево е функционална, таа е многу далеку за голем број жители.

Со градскиот четврт Ј14, Општина Кисела Вода предвидува изградба на нова поликлиника, нови градинки, културни центри, простор за јавно добро што фали во општината. Темелковски истакна дека приоритет е завршување на тој градски четврт и апелираше до сите граѓани кои имаат познавање од урбанизмот да учествуваат на Јавниот повик  во партиципативното тело за урбанизам, со цел да се исполнат потребите на граѓаните. ки/са/

Таг
Back to top button
Close
Close