Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Телфон во раката додека возите, возачката автоматски ќе биде  одземена во Франција

Од овој петок, ако некој направи сообраќаен прекршок и во тоа време го држел својот мобилен телефон во рака, возачка дозвола автоматски ќе биде задржана.

Париз, 22 мај 2020 (МИА) – Француските власти надлежни за безбедноста на патиштата објавија дека започнуваaт да спроведуваат нови мерки, кои предвидуваат многу построги санкции за употреба на телефон при возењето, јави дописникот на МИА.

Од овој петок, ако некој направи сообраќаен прекршок и во тоа време го држел својот мобилен телефон во рака, возачка дозвола автоматски ќе биде задржана.  

Покрај 72 часа на задржување, префектот може да изрече суспензија до шест месеци, па дури и една година во случај на несреќа, возење под дејство на алкохол или при употреба на наркотик. Драстична, но неопходна санкција за безбедност во сообраќајот според која телефонот додека се вози е одговорен за една десетина на телесните несреќе во сообраќајот во Франција и го зголемува ризикот од несреќа за трипати.

Другите мерки, донесени во јануари 2018 година, а исто така стапуваат во сила денеска, максималното времетраење на обврската за возење само возило опремено со алкохолен тест, кое бара да да се дува во етилотестот  и кој го блокира возилото доколку нивото на алкохол во крвта е превисоко, се подига од шест месеци на една година. Оваа мерка е изречена како алтернатива на суспендирањето на возачките дозволи.

Обврската да се обезбедат алко тестови во ноќните клубови е зајакната  и сега ги изложува сторителите на парична казна од 135 евра. А исто така повеќе возачите во Франција повеќе немаат обврска да  имаат алкохолен тест во нивното возило.тг/

Back to top button
Close
Close