Политички партии

Телеграма со сочуство на Заев до семејството на доктор Антова Велевска

Претседателот на СДСМ Зоран Заев испрати телеграма со сочуство до семејството на починатата професорка и доктор и поранешна пратеничка на СДСМ, Магдалена Антова Велевска.

Скопје, 15 јуни 2020

Претседателот на СДСМ Зоран Заев испрати телеграма со сочуство до семејството на починатата професорка и доктор и поранешна пратеничка на СДСМ, Магдалена Антова Велевска.

– Со искрена жал ја примив веста за смртта на доктор Магдалена Антова Велевска, истакната професорка и докторка и почитувана членка и поранешна пратеничка на СДСМ. Упатувам длабоко сочуство до семејството за загубата. Нејзиното заминување на е загуба само на вашето семејство, туку на здравствената и научната фела, тоа е загуба за државата и стручната јавност, се наведува меѓу другото во телеграмата.

Искрено се надевам, вели Заев, дека во овие мигови на неизмерна жал, ќе најдете утеха во делата што Магдалена ги остави зад себе.

СДСМ- Центар за комуникации со јавноста

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close