Svet.SlajderСветСвет.Портал

Телефонски разговор Трамп – Си за пандемијата

Американскито претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со својот кинески колега Си Џинпинг за пандемијата од новиот коронавирус, од кој во последните 24 часа в светот починаа над 24.000 луѓе

Вашингтон, 27 март 2020 (МИА) – Американскито претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со својот кинески колега Си Џинпинг за пандемијата од новиот коронавирус, од кој во последните 24 часа в светот починаа над 24.000 луѓе.

– Кина беше отворена и транспарентна кога станува збор за епидемијата со коронавирусот. изјави Си во телефонскито разговор со Трамп.

Додека Трамп на Твитер напиша дека „Кина помина многу и добро го разбира вирусот. Блиско соработуваме за тоа прашање“.

Трамп и други американски претставници ја обвинија Кина дека не била доволно транспарентна за коронавирусот.

Си им понуди помош на САД, во момент кога има поголем број заразени лица со Ковид-19 од Кина.

Кинескиот претседател истакна и дека Пекинг и Вашингтон треба да имаат комуникација за спречување на вирусот.

– Соработката помеѓу двете држави е единствен прав избор, посочи Си. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close