БалканБалкан.Портал

Телефонски разговор Радев – Мишел за миграцискиот бран

Претседателот на Бугарија, Румен Радев во денешниот телефонски разговор со претседателот на Европски совет, Шарл Мишел побара усвојување на оперативен план за акција против миграцискиот бран врз копнените граници на Европската Унија

Софија, 2 март 2020 (МИА) – Претседателот на Бугарија, Румен Радев во денешниот телефонски разговор со претседателот на Европски совет, Шарл Мишел побара усвојување на оперативен план за акција против миграцискиот бран врз копнените граници на Европската Унија.

Радев наведе дека заштитата на надворешните копнени граници на ЕУ е клучна за обезбедување на безбедноста на европските граѓани и избегнување на кризи во рамките на Унијата.

Радев и Мишел разговараа и за ескалација на тензиите во регионот на Блиски Исток, што претставува ризик за безбедноста на ЕУ и може да предизвика нов бран бегалци.
Бугарскиот претседател побара за овие прашања да се разговара во Европски совет.

Радев за зголемениот миграциски бран разговараше и со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и ја истакна потребата за зголемена поддршка од ЕУ на Грција и на Бугарија за заштита на надворешните европски граници. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close