Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Телефонски разговор Помпео – Пленковиќ

Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа имаше телефонски разговор со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, соопшти Стејт департментот

Вашингтон, 19 мај 2019 (МИА) – Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа имаше телефонски разговор со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, соопшти Стејт департментот.

Во соопштението се наведува дека Помпео и Пленковиќ во разговорот го истакнале значењето на трансатлантската соработка и борбата против Ковид-19.

Тие  разговарале и за начините како да се засили билетаралната соработка во областа на одбраната.

Помпео и честитал на Хрватска за нејзиното претседателствување со Советот на Европска Унија, вклучително и за фокусот на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, се истакнува во соопштениото на Стејт департмент. кб/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close