Svet.Slajder

Телефонски разговор на Вучиќ и Путин по договорот од Вашингтон

Српскиот претседател Александар Вучиќ телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и го информирал за разговорите во Вашингтон и Брисел.

Белград, 10 септември 2020 (МИА)Српскиот претседател Александар Вучиќ телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и го информирал за разговорите во Вашингтон и Брисел.

„Вучиќ и Путин разменија мислења за состојбата на Балканот и разговараа за актуелните прашања од стратешкото српско-руско партнерство, вклучително и развојот на дијалогот на највисоко ниво, соопшти прес-службата на Вучиќ.

Како што е наведено, двајцата претседатели потврдиле дека Србија и Русија се искрени пријатели, чија соработка се заснова на взаемна доверба.

Вучиќ истакнал дека Србија е воено неутрална земја, а Путин ја поздравил таа цврста определба на Србија.

„Без оглед на тежината и сложеноста на нејзината геополитичка, воено-безбедносна и економска позиција, Србија ќе ги заштити принципите на воена неутралност и ќе остане вистински и коректен партнер на Руската Федерација“, нагласи Вучиќ.

Тој му се заблагодарил на Путин за континуираната поддршка на Русија за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, како и за неговите напори за одржување на мирот и стабилноста во регионот.

Путин рекол дека Русија ќе и ’пружи политичка поддршка на Србија во нејзините напори за зачувување на нејзиниот територијален интегритет и ќе ги координира своите надворешно-политички активности со Србија, со цел заштита на меѓународниот јавен поредок.

„Исто така, Вучиќ и Путин посочија дека економските врски меѓу Србија и Русија постојано се зајакнуваат, но дека можностите за соработка во областа на економијата се далеку поголеми од искористените и има простор за нови заеднички проекти“, се наведува во соопштението.

Ова беше прв разговор меѓу лидерите на Србија и Русија по потпишувањето на договорот од Вашингтон. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close