СветСвет.Портал

Телефонски разговор на Ердоган и Трамп за Идлиб

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за Идлиб и за други регионални прашања, јави агенцијата Анадолија.

Анкара, 28 февруари 2020 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за Идлиб и за други регионални прашања, јави агенцијата Анадолија.

Ердоган во телефонскиот разговор со Трамп „ја повтори решителноста на Турција да ги потисне режимските сили надвор од подрачјето дефинирано во Сочи“ јави агенцијата.

Во исто време, Белата куќа соопшти дека Трамп се заложил за деескалација на насилството во северозападна Сирија, каде синоќа беа убиени 33 турски војници.

Тој ги повика сириската Влада, Русија и Иран да ги прекинат офанзивите, соопшти Белата куќа.

– Трамп ја потврди поддршката за напорите на Турција да се смири ситуацијата и да се избегне хуманитарна катастрофа, рече портпаролот на Белата куќа Џуд Дир.

Двајцата лидери се согласиле дека „сирискиот режим, Русија и иранскиот режим мора да ја прекинат својата офанзива пред да бидат убиени и раселени невини цивили“. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close