БалканБалкан.Портал

Телефонски разговор Ердоган – Путин

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска телефонски разговараше на повеќе теми со рускиот претседател Владимир Путин

Анкара, 17 август 2020 (МИА)  Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска телефонски разговараше на повеќе теми со рускиот претседател Владимир Путин.

Како што соопшти кабинетот на Ердоган, двајцата претседателите разговарале за билатералната соработка во областа на туризмот, енергетиката и сообраќајот, како и за борба против пандемијата со Ковид-19.

Ердоган и Путин разговарале и за ситуацијата во Источен Медитеран и во Либија, при што потенцирале дека е потребно одржување на дијалогот за тие прашања.

Двајцата претседатали се согласија и по пат на воени и дипломатски канали да продолжат контактите за ситуацијата во Сирија. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close