Дописници МКДОпштински вести

Текстилните работнички од штипската конфекција „Алкон текст“ протестите ќе ги продолжат наредната недела

Педесетте текстилни работнички од штипската конфекција „Алкон-Текс“ денеска не протестираат пред фабриката, поради временските прилики. Бисера Кафтанова претставничка на работничките вели дека не се откажуваат од протестите и наредната недела повторно ќе бидат пред фабриката, доколку не добијат одговори и раководството на компанијата, но и од инспекциите, кои влегле во фирмата.

Штип, 28 мај 2021 (МИА) – Педесетте текстилни работнички од штипската конфекција „Алкон-Текс“ денеска не протестираат пред фабриката, поради временските прилики. Бисера Кафтанова претставничка на работничките вели дека не се откажуваат од протестите и наредната недела повторно ќе бидат пред фабриката, доколку не добијат одговори и раководството на компанијата, но и од инспекциите, кои влегле во фирмата.

-Се уште очекуваме одговор од институциите, кои ги повикавме, да излезат на терен да ја проверат состојбата и да дадат извештај за нивната работа, што имаат пронајдено и кој е следниот чекор. Се додека не добиеме извештај од нив ќе протестираме, за да ги оствариме своите права, вели Кафтанова.

Таа истакна дека остануваат на барањата за исплата на плати на работиците, кои се на принуден одмор, но и враќање на работа како работници на неопределено работно време, а не какошто бараат од компанијата да се вратат но да бидат префрлена во друга фирма на определено работно време.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип вели дека овој случај со штипската „Алкон текс“ не е единствен, во моментов има околу 300 текстилни работници од Штип, Пробиштип и Кочани, кои се соочуваат со истите проблеми.

Работничките добија поддршка од Конфедерацијата на самостојни синдикати, Хелсиншки комитет за човекови права и „Гласен Текстилец“-Штип. вдј/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close