Дописници МКДОпштински вести

Тековно се одвива вакцинацијата на домашни миленици во Куманово против беснило

Редовно се спроведува вакцинацијата против беснило кај домашните миленици во Куманово и во соседните општини, информираа денеска од ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“.

Куманово, 7 февруари 2020 (МИА) – Редовно се спроведува вакцинацијата против беснило кај домашните миленици во Куманово и во соседните општини, информираа денеска од ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“.

Формирани се екипи кои ги вакцинираат кучињата по однапред определни реони во градот, приградските населби и селата во Кумановско. Сопствениците се веќе информирани и дел од нив сами ги носат домашните миленици во центарот за вакцинација.

-Вакцинацијата почна навреме во јануари и досега се спроведува тековно, по планот и програмата. Се вакцинираат домашните миленици кои се чипирани. Сопствениците чии миленици не се чипирани, ќе мора да платат и за чипирање. Работиме и во сабота. Препорачливо е сопствениците кои се вработени да ги донесат милениците, тој ден, изјави ветеринарниот лекар, Димитар Венев од ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ од Куманово.

Цената на вакцината против беснило која вклучува и таблети против паразити изнесува 590 денари. Вакцинацијата е редовна и се спроведува во периодот од јануари до мај. ам/мч/

Back to top button
Close
Close