СветСвет.Портал

Техеран бара 130 милијарди долари од САД поради граѓанските немири во Иран

Техеран ќе поднесе тужба против САД поради граѓанските немири во земјата, соопшти денеска портпаролот на иранската Влада Гулам Хусеин Есмаили, дополнувајќи дека ќе побараат отштета во износ од 130 милијарди долари.

Техеран, 3 декември 2019 (МИА) – Техеран ќе поднесе тужба против САД поради граѓанските немири во земјата, соопшти денеска портпаролот на иранската Влада Гулам Хусеин Есмаили, дополнувајќи дека ќе побараат отштета во износ од 130 милијарди долари.

Протести избија во неколку ирански провинции во ноември, по одлуката на Владата да ги зголеми цените на горивата. Протестите подоцна станаа насилни и во нив досега најмалку 208 лица.

Есмаили информира дека тужбите ги поднеле ирански државјани кои директно претрпеле штета од „американските акции“.

– До денеска се разгледани над 360 случаи и барања на граѓани против американската администрација. Владата и Министерството за надворешни работи би требало да помогнат во спроведувањето на овие барања против американската Влада во име на нашите граѓани, истакна тој.

Претседателот  на Иран Хасан Рохани тврди дека протестите се организирани од САД и Израел со цел да ја поткопаат иранската национална безбедност. Вашингтон им даде отворена поддршка на демонстрантите. ссм/

 

Таг
Back to top button
Close
Close