ЕвропаЕвропа.Портал

Тегнел: Жалам поради неуспехот да се заштитат домовите за стари лица

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел изрази жалење поради неуспехот да се заштитат домовите за стари лица од коронавирусот и големиот број смртни случаи.

Според него, стапката на смртност во Шведска требаше да се избегне.

Шведска спроведе поблаг пристап во борбата против вирусот во однос на другите држави.

Епидемиологот сепак смета дека шведскиот здравствен систем успеал да се справи со пандемијата.

Жителите на Шведска се повикуваат да избегнуваат патувања, да одржуваат физичка дистанца и да останат дома доколку се постари или имаат поблаги симптоми. Јавните собири се ограничени на 50 луѓе.

Агенцијата во средата објави дека регистрирала околу 62,3 илјади случаи на инфекција, со 5,2 илјади смртни случаи. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close