0_Македонија.ПорталKultura.SlajderКултураКултура.Портал

Театар Комедија вечер продолжува со содржини од вонредната сцена

Со настапите на актерите Жарко Димоски, Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Ева Скендеровска и Дритон Вејсели НУ Театар Комедија вечер продолжува со активностите на вонредната сцена.

 Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Со настапите на актерите Жарко Димоски, Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Ева Скендеровска и Дритон Вејсели НУ Театар Комедија вечер продолжува со активностите на вонредната сцена.
Според најавата од управата на театарот, петмината актери  распоредени на сцената на соодветната дозволена дистанца, ќе се обидат со својот настап барем за миг да ја разведрат публиката.
Вклучувањето во живо на фејсбук страницата на театарот е закажано со почеток во 20:30 часот од сцената во дворот на театарот. вг/бак/

Back to top button
Close
Close