КултураКултура.Портал

Театар Комедија со вонредна сцена 

НУ Театар Комедија секојдневно работи на што побрзо отворање на вратите за публиката. Постојано сме во тек со препораките на Комисијата за заразни болести, Владата и на Министерството за здравство, па така и ние постапуваме и ќе постапуваме во согласност со тековните препораки, соопшти управата на театарот.

Скопје, 10 мај 2020 (МИА) – НУ Театар Комедија секојдневно работи на што побрзо отворање на вратите за публиката. Постојано сме во тек со препораките на Комисијата за заразни болести, Владата и на Министерството за здравство, па така и ние постапуваме и ќе постапуваме во согласност со тековните препораки, соопшти управата на театарот.
Во меѓувреме, Театар Комедија започна со директни вклучувања на своите содржини.
– Месецов решивме да направиме една мала ,,вонредна сцена“, на којашто актерите ќе настапуваат секој петок. Првиот настап го имаше актерката Жаклина Стевковска, а веќе во петок ќе настапи и актерот Жарко Димоски. Се одлучивме за музички настапи со цел да го разубавиме и да го разведриме секојдневието на публиката, велат од Театар Комедија. Најавуваат дека веќе работат и на нов план за летниот период. са/мд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close